26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWells Fargo за три години ќе намали 10% од својот персонал

Wells Fargo за три години ќе намали 10% од својот персонал

„Wells Fargo“ планира да намали до 10 отсто од својот персонал во текот на следните три години. Ова ќе резултира со затворање на десетици илјади работни места во третата по големина американска банка.

Главниот финансиски директор Тим Слоун ја објави одлуката на официјалните претставници. Во моментов, во банката работат 256.000 луѓе.

Името на „Wells Fargo“ се поврзува со скандали од 2015-та година, кога институцијата призна дека нејзините вработени откриле милиони лажни банкарски сметки на клиенти, за да покријат нереални цели за продажба. Потоа банката од Сан Франциско беше вмешана и во други скандали, вклучувајќи продажба на автомобилско осигурување на должници, кои не го барале тоа од нив.

Претходно оваа година присилното склучување на автомобилско осигурување, како и наметнување на неправедните давачки на имателите на хипотеки, и донесе на „Wells Fargo“ казна од 1 милијарда долари, која беше наметната од два федерални регулатори во САД.

Во почетокот на јули „Wells Fargo“ забележа полошо од очекуваното второ тримесечје од годината во позадина на тековните обиди да се врати кон растот и да се справи со регулаторните проблеми.

Профитот на финансиската институција во април, мај и јуни изнесува 5,19 милијарди долари или 0,98 долари по акција. Ова претставува намалување во споредба со истиот период во 2017-та година, кога профитот изнесуваше 5,86 милијарди долари.

Аналитичарите, цитирани од „Ројтерс“, предвидуваа заработка по акција од 1,12 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП