7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes тестира хиперавтомобил од 2,5 милиони евра

Mercedes тестира хиперавтомобил од 2,5 милиони евра

 „Mercedes-AMG Project One“ ќе го етаблира „Mercedes“ меѓу производителите на хиперавтомобили, така што овој автомобил ќе чини 2,5 милиони евра, ќе користи мотор кој е многу близок до агрегатите во Формула 1 и веќе ги започна тестовите по нормални патишта.

Прес-службата на „Daimler“ ги потврди тестовите, од кои дел се и тестовите на 1,6-литарски V6 бензински мотор, кој е многу близок до оној со кој се натпреваруваат и оваа сезона Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Бензинскиот мотор стига до 11.000 врт/мин и се придвижува на задните тркала, а работи заедно со уште два електромоторот кои исто се поставени на задните тркала, а нивната вкупна моќност е 680 коњски сили. Другите два електромотори ќе ги придвижуваат предните тркала и со нив вкупната моќност на хибридниот систем надминува 1.000 коњски сили.

Според „Mercedes“ ресурсот на бензинскиот мотор е 50.000 километри, по што тој мора да помине на ремонт.

Максималната брзина на „Project One“ надминува 350 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч го остварува за 2,5 секунди, што е блиску до резултатите во Формула 1. „Mercedes-AMG“ планира вкупно да произведе 275 вакви автомобили, а според информаците веќе сите се распродадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП