3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастичен пад на британската фунта поради проблемите во преговорите за брегзитот

Драстичен пад на британската фунта поради проблемите во преговорите за брегзитот

Британската фунта вчера нагло падна бидејќи премиерката Тереза Меј остана на цврстите позиции за брегзитот, што ден претходно во Европската Унија беше оценето како нереално решение.

Фунтата, која пред обраќањето на Меј падна речиси еден отсто во однос на доларот, сега падна на 1,5 процент бидејќи премиерката рече дека преговорите за брегзитот се во застој.

Меј предлага Велика Британија да остане на единствениот пазар на ЕУ за стоки, но не и на услуги, за да се задржат слободната трговија и отворената граница помеѓу Ирска и Северна Ирска.

ЕУ го отфрла таквиот план наведувајќи дека Лондон не може да избира елементи на припадност на пазарот, без прифаќање на сите трошоци и одговорности.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера на самитот во Салцбург отворено кажа дека делови од планот на Тереза Меј едноставно нема да може да функционираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП