3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло уште викендов, од понеделник опаѓање на температурите

Сончево и топло уште викендов, од понеделник опаѓање на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 25 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и топло време. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП