18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректори масовно ја напуштаат компанијата на Илон Маск

Директори масовно ја напуштаат компанијата на Илон Маск

Компанијата „Тесла“ загуби уште еден менаџер, заменик-претседателот за менаџментот на глобалната снабдувачка, Лиам О’Конор, ја напушта компанијата, пренесе „Блумберг“.

Тој е последен во низата менаџери што го напуштија произведувачот на електрични автомобили, кој сè повеќе наликува на брод што тоне.

О’Конор дојде во „Тесла“ од „Епл“ во 2015 година и ја напушта компанијата по три години. Главниот сметководител, Дејв Мортон, поднесе оставка само по еден месец во „Тесла“, а поранешниот шеф на човечки ресурси Габи Tоледано прво користеше одмор, по што објави дека нема да се врати на работа.

Покрај тоа, компанијата отпушти најмалку 9% од работната сила во јуни – истиот месец кога 13 менаџери ја напуштија „Тесла“.

Која е причината? „Тесла“ во последните неколку квартали се бори со доцнење на производство, големи флуктуации во цената на акциите и истрага од американското Министерство за правда во врска со однесувањето на главниот директор, Илон Маск. Освен тоа што тој често се расправа со критичарите на „Твитер“, ја подгрева јавноста со идеи како онаа за интернет-страница која би ги оценувала новинарите, или пуши марихана во ток-шоуа додека компанијата се мачи со испораката на нарачаните автомобили, сега на Маск му се заканува и тужба од британскиот нуркач кој директорот на „Тесла“ го нарече педофил поради критиките кои Британецот ги упати на сметка на неговиот план за спасување на децата од Тајланд.

Причината зошто почна истрагата можеби најдобро ја илустрира парадоксалната криза во која перспективниот производител на електрични автомобили се најде, во голема мера благодарение токму на Маск. Станува збор за еден твит на ексцентричниот претприемач кој минатиот месец објави: „Размислувам за тоа како да се приватизира ‘Тесла’ за 420 долари по акција. Финансирањето е осигурано“.

Поради тоа федералните иследницинајавија дека сега ќе истражуваат можна измама предизвикана од страна на Маск, бидејќи со тој твит ја зголемил вредноста на акциите на „Тесла“ за 11 отсто, а неговото тврдење дека финансирањето е осигурано би можело да ги доведе инвеститорите во заблуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП