20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите се повлекуваат од пазарите во развој

Инвеститорите се повлекуваат од пазарите во развој

investitori1

Инвеститорите започнаа да ги повелекуваат парите од земјите во развој бидејќи веруваат дека Одборот на американските федералните резерви би можел да ја прекине програмата за купување на обврзници.

Овие очекувања влијаеа на намалувањето на подготвеноста да превземат ризици, иако пред само неколку месеци нивниот фокус беше насочен само кон брзиот раст на пазарот на акции, пренесува агенцијата Франс прес.

Според извештајот на француската филијала на банката „HSBC“ за управувањето со глобалните средства, пазарот на акции во земјите во развој е намален за повеќе од пет проценти во текот на еден месец.

Азиските берзи утрово денот го започнаа со голем пад на акциитe, а слична ситуација е забележана и на европските берзи.

Главната причина за тоа се крие во сигналите кои укажуваат дека централната банка на САД веројатно ќе започне со укинување на својата програма за купување на обврзници, бидејќи голема сума на пари секој месец се насобира во американскиот финансиски сектор, како дел од вонредните мерки за помош на економијата и нејзино извлекување од петгодишната криза и слабиот раст.

Таквите мерки ја придобија довербата на инвеститорите и со нив беше неутрализирана нивната неподготеност да превземат ризик. Инвеститорите започнаа да ги префрлуваат средствата во актива нудејќи прилика за остварување на високи приходи, а особено да префлуваат средства во пазарите во равој кои постигнаа релативно висок раст.

Овој тренд беше толку силен што Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека приливот на средства би можел да предизвика прегорување на растечките економии.

Меѓутоа, инвеститорите во овој момент постепено се повлекуваат, а нивните инвестициски средства ги напуштаат овие региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП