8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Профит од новите доселеници

Германија: Профит од новите доселеници

germanija2

Германија профитираше од новиот бран на доселеници, покажува извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Вo извештајот позитивното салдо од доселениците во германскиот буџет се објаснува со фактор дека станува збор за млади, високообразовани лица, кои повеќе даваат, односно, плаќаат данок и социјални придонеси, отколку што земаат, кога станува збор за социјалните бенефиции.

Ако се земат во предвид сите доселеници, тогаш салдото е негативно, пренесуваат медиумите.

Кога станува збор на новиот бран на доселеници во Германија, тие се подобро образовани и квалификувани во однос на домаќините, покажува едно истражување на Институтот за пазарот на труд и истражување на професиите (IAB) од Нирнберг, со што е скршено клишето дека „гастербајтерите“ воглавно се неквалификувана работна сила која доаѓа од различни земји.

Според истражувањето на „IAB“, кое овие денови го објавија германските медиуми, 43 проценти од новите доселеници, на возраст до 65 години имаат магистратура, факултетска диплома или техничко образование, додека тој процент кај Германците, изнесува 26 проценти.

„Повеќе од било кога , на Германија и се потребни образовани доселеници и од земјите надвор од Европската унија“, изјави претседателот на фондацијата „Bertelsman“, за чии потреби беше направено истражувањето, Јерг Дрегер.

Според податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, минатата година речиси пола милион лица се доселиле во Германија, што е најмногу од 1995 година. Истражувањето на „IAB“ покажува дека многу доселеници од кризните земји набрзо заминуваат од Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП