8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј вети уште 2 милијарди фунти за изградба на достапни станови

Меј вети уште 2 милијарди фунти за изградба на достапни станови

Британскиот премиер Тереза Меј потврди дека ново финансирање во вредност од 2 милијарди фунти (2,25 милијарди евра) ќе биде доделено на станбените здруженија, за да добијат долгорочната безбедност, која им е потребна за изградба на десетици илјади нови пристапни и социјални домови.

На состанокот на Националната федерација за домови, Меј рече дека здруженијата за домување имаат централна улога во помагањето да се изградат нови домови каде што се најпотребни.

Таа, исто така, ги истакна чекорите кои владата веќе ги презеде за да ги задоволи потребите на секторот, вклучувајќи и обезбедување на долгорочна безбедност за кирии.

Меј изјави дека осум станбени здруженија веќе добиле долгорочни договори за финансирање во вредност од скоро 600 милиони фунти (674 милиони евра), што го отвора патот за изградба на речиси 15.000 нови пристапни домови.

„Можам да објавам дека ќе започнеме нови долгорочни партнерства со најамбициозните станбени асоцијации преку иновативна иницијатива од 2 милијарди фунти. Врз основа на програмата здруженијата ќе можат да аплицираат за финансирање дури до 2028-2029 година. За прв пат Владата на земјата нуди на станбените здруженија толку долгорочна безбедност“, истакна Меј на средбата во Лондон.

Во замена за тоа премиерот сака станбените здруженија да ја користат уникатната комбинација од квалитети – од блиски врски со локалните заедници до стручноста, за менаџерите со недвижности да постигнат работи кои ниту приватните претприемачи, ниту локалните власти не можат да ги постигнат сами.

Националната федерација на градители (NFB), исто така, го поздрави дополнителното финансирање, но го критикуваше фактот дека тоа нема да биде достапно до 2022-ра година. Потребни се дополнителни напори за решавање на проблемите со планирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП