19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа...

Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба на водовод и канализација во индустриската зона.

Проектот е во вредност од 8, 6 милиони евра од кои 1, 6 милиони евра се наменети за изградба на водовод и 7 милиони евра за изградба на канализација.

„Почнуваме со овој вреден проект вели Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска е во посета на Куманово, каде што имаше средба со граѓани и со градоначалникот Максим Димитриевски.

Како што информираат од Министерството за финансии, Тевдовски на средбите порачал дека со влезот во ЕУ Македонија ќе има пристап кон посериозни фондови за подобрување на инфраструктурата, но и дека Куманово веќе ги има почувствувано придобивките од европската помош.

„Во Куманово се инвестирани 4,3 милиони евра за рехабилитација на канализациската мрежа. На годишно ниво ЕУ инвестира во Македонија над 90 милиони евра неповратни средства“, потенцира Тевдовски.

Министерот оствари средба и со стопанственици од Куманово со цел да ги слушне проблемите, но и предлозите за подобрување на нивната работа. Стопанствениците изразиле верување дека со влезот во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми конкуретноста на македонските компании, а со тоа и извозот.

Примерите на земјите кои станале членки покажуваат сериозен раст на инвестициите по влезот во НАТО, рече Тевдовски, а како пример ги посочи Албанија и Бугарија.

„Во Бугарија, пет години пред да стане членка во НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП изнесувале 7%, додека пет години од влезот во НАТО истите пораснале на 19,7% годишно. Растот на БДП во истиот период се зголемил од 3,9 на 6,8% годишно. Во примерот на Албанија, странските инвестиции растат речиси двојно по влезот во НАТО, и покрај тоа што ова се случува во период на глобалната финансиска криза. Според податоците, СДИ во Албанија пет години пред влезот во НАТО изнесувале 5,5% како процент од БДП. Пет години по влезот во НАТО растат на 9,1%“, истакна министерот пред стопанствениците.еку 8 милиони евра. Министерството денеска го доби потребниот проект и во најбрз можен рок ќе ја подготви тендерската документација и ќе го распишеме повикот за изградба. Она што е најважно е дека со ова ќе ги исполниме барањата на компаниите коишто работат во оваа зона, а од друга страна ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во општина Бутел“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Реализацијата на овој проект ќе се финансира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП