19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВизбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба на водовод и канализација во индустриската зона.

Проектот е во вредност од 8, 6 милиони евра од кои 1, 6 милиони евра се наменети за изградба на водовод и 7 милиони евра за изградба на канализација.

„Почнуваме со овој проект вреден преку 8 милиони евра. Министерството денеска го доби потребниот проект и во најбрз можен рок ќе ја подготви тендерската документација и ќе го распишеме повикот за изградба. Она што е најважно е дека со ова ќе ги исполниме барањата на компаниите коишто работат во оваа зона, а од друга страна ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во општина Бутел“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Реализацијата на овој проект ќе се финансира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП