19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски да поднесуваат барања за податоци за инфраструктурни објекти и барања за промени или запишување во катастарот на инфраструктурни објекти.

Од Катастарот денеска информираа дека ваквите барања ќе можат да се поднесуваат во хартиена форма до 1 октомври, а потоа поднесувањето ќе биде само електронски.

– Надворешните професионални корисници (геодетски фирми, надлежни министерства, општини, банки, нотари и извршители) преку апликација еКат Шалтер ќе можат да добијат имотен или евидентен лист за инфраструктурни објекти, лист за предбележување на инфраструктурни објекти, да поднесат барање за запишување инфраструктурен објект, да поднесат барање за промени во податоците во катастарскиот операт на инфраструктурни објекти и катастарскиот план, истото тоа да го направат и врз основа на правни акти, да поднесат барање за запишување или бришење на хипоитеки на инфраструктурни објекти и други товари и ограничувања. Надворешните професионални корисници исто така ќе можат да поднесат барање за предбележување на инфраструктурни објекти, исправка на техничка грешка по барање на странка, или бришење на инфраструктурни објекти и на предбележани инфраструктурни објекти, појаснуваат од Катастарот.

За оваа намена подготвен е и прирачник којшто може да се најде на веб страницата на Агенцијата (www.katastar.gov.mk).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП