23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ја претстави првата спортска верзија на A-Class (фото+видео) 

Mercedes ја претстави првата спортска верзија на A-Class (фото+видео) 

Компанијата од Штутгарт го претстави најдостапниот модел во својата гама во верзија од спортската поделба „AMG“ – „A 35 4Matic“. Возилото доби нов турбомотор и специјален асистент, кој му помага на возачот при возење на патеката.

Ова е првата спортска модификација на новата „A-Class“, така што ќе ја пополни дупката меѓу топ-верзијата на моделот до моментов „A 250“, која развива 224 КС, и сеуште непредставениот „A 45 AMG“, чиј мотор ќе располага со над 400 КС.

„Mercedes-AMG A 35“ е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор со 4 цилиндри кој развива 306 КС и 400 Nm. Тој работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач „AMG SPEEDSHIFT DCT 7G“ со две спојки и систем за погон на четири тркала „AMG Performance 4MATIC“ со спојка, заклучување на задната оска, на која може да се пренесе до 50% од вртежниот момент.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч при овој модел трае 4,7 секунди. Тоа е за 0,1 секунди побавно од постигнувањето на основниот конкурент на пазарот „Audi S3“, кој развива моќност од 310 КС. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Автомобилот добил различни браници, поголеми тркала, антикрило, прилагоден преден дел на каросеријата заради моќниот мотор, суспензија „AMG RIDE CONTROL“ со адаптивни амортизери како опција, спортски издувен систем, спортски седишта и волан со копчиња – ист како на „Mercedes-Benz S-Class“.

Системот „AMG DYNAMIC SELECT“ му овозможува на возачот да менува помеѓу режими „Slippery“, „Comfort“, „Sport“, „Sport +“ и „Individual“, а за љубителите на возењето по патека има специјален асистент – „AMG Track Pace“. Тој е дел од мултимедијалниот систем „MBUX“ и постојано снима повеќе од 80 параметри на возилото.

Дебито на моделот ќе се одржи на автосаемот во Париз, а продажбата во Европа стартуваат кон крајот на октомври. Првите испораки на крајните корисници се закажани за јануари 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП