19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

ЕБОР ја финансира модернизацијата на патната мрежа во Македонија со цел да ја подобри транспортната инфраструктура во земјата и да ја поттикне националната економија.

Кредитот од 10 милиони евра даден на македонската Влада ќе послужи за финансирање на изградбата на 13 километри автопат на две ленти, помеѓу Крива Паланка и Деве Баир, блиску до бугарската граница, кој е дел од патниот коридор 8 и поминува низ земјата. Коридорот 8 е дел од клучната мрежа на патишта на Западен Балкан и продолжување на Транс-европската транспортна мрежа (ТЕТМ). Проектот ќе ги подобри економските врски на земјата со Европската Унија, преку соседната држава Бугарија, членка на ЕУ.

Долгорочниот кредит од ЕБОР се доделува на Јавното претпријатие за државни патишта во Скопје, компанија во државна сопственост, одговорна за патната мрежа во земјата.

Европската Унија е стратешки партнер на ЕБОР во развојот на патниот коридор 8. Во декември 2018 година се очекува да биде обезбеден инвестицискиот грант во износ од 2,6 милиони евра преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Специјалниот фонд на акционери (СФА) ќе обезбеди поддршка за техничката соработка во подготовката на корпоративниот план на компанијата и ќе му помогне на одделот за имплементирање на проектот.

Бенефитот од овој проект вклучува поддршка на државната компанија за патишта во однос на зголемување на конкурентноста, преку помош во развирање на корпоративен план за поттикнување на ефикасноста. Подобрувањето на патот ќе го подобри квалитетот на транспортните услуги за луѓе и стоки, и ќе ги поттикне македонскиот економски развој и регионалната интеграција.

До денес, ЕБОР има инвестирано 30 милиони во коридор 8 и 117 милиони евра во коридор 10. Инвестициите на ЕБОР во Македонија изнесуваат 1,788 милиони евра во 112 проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП