17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 79-то место според индексот на глобален мир

Македонија на 79-то место според индексот на глобален мир

global

Според Светскиот индекс на мир (GPI) за 2013 година, кој секоја година го составува Институтот за економија и мир (IOP) со седиште во Австралија и САД, како и претходната година најмирна земја во светот е Исланд, додека Македонија се наоѓа на 79-то место.

Податоците беа собирани во 162 земји врз основа на стабилноста на нивните општества, размерот на конфликти и степенот на милитаризација.

Глобалниот Индекс на мирот за 2013 година покажува дека Исланд, Данска и Нов Зеланд во моментов се најмирните земји во светот, а најлоша ситуација владее во Авганистан, Сомалија, Сирија и Ирак.

Македонија е рангирана на 79-та позиција, со индекс од 2.044. За споредба, првопласираниот Исланд има индекс од 1.162, додека најниско рангираниот Авганистан има 3.440.

Меѓу другите земји од Балканот, најдобро рангирана е Хрватска на 28 позиција, Србија на 62 место, Албанија на 69 место, и Црна Гора на 73. Босна и Херцеговина е рангирана на 71-то место, со индекс од 1.967.

На листата на водечките европски земји, кои заземаат 13 од првите 20 позиции, Словенија е рангирана високо на 13-то место.

САД се наоѓа на 100-та позиција, Кина на 101, додека Русија се наоѓа на 155 позиција.

Истражувачите заклучија дека бројот и интензитетот на внатрешни конфликти се зголемил во последниве години, додека непријателство меѓу земјите е во опаѓање. Откриено е дека 110 држави станале помирни на национално ниво, како и дека состојбата е подобрена во 48 земји во споредба со минатата година.

global2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП