19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

Италија треба да вложи напори за одржување на државниот долг под контрола, изјави еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи. Ова може да се случи со намалување на непотребните трошоци и давање приоритет на инвестициските и инфраструктурните трошоци со цел стимулирање на растот и продуктивноста.

Во интервју за „Ројтерс“ еврокомесарот рече дека Европската комисија е „апсолутно посветена“ на постигнување на добра зделка за „Brexit“.

Популистичката владејачка коалиција на Италија го повика министерот за економија Џовани Триа во средата да овозможи поголем буџетски дефицит за следната година, за да ги исполни предизборните ветувања, предизвикувајќи нови стравувања од страна на финансиските пазари за состојбата на долгот на земјата.

„Ја повикувам целата влада на Италија да биде транспарентна и да остане таму каде што треба да остане – во јадрото на еврозоната како силна, сигурна земја подготвена да го држи долгот под контрола“, рече Московичи.

Италија, како и сите други земји од еврозоната, треба да го претстави нацрт-буџетот за следната година до средината на октомври. Комисијата може да го отфрли, ако одлучи дека не одговара на правилата на ЕУ – овластување што до моментов ЕК не ги користела.

Во однос на „Brexit“, Московичи рече дека Европската унија не може да прави компромиси на „четирите основни слободи“ на движење на стоки, капитал, луѓе и услуги, кои се составен дел од единствениот пазар.

Тој рече дека Комисијата е „апсолутно посветена на постигнување на договор“, додавајќи: „Се уште се надеваме дека можеме да го склучиме“.

Во средата британскиот премиер Тереза ​​Меј доби критики за планот за „Brexit“, а Доналд Туск изјави дека предлозите за ирската граница и трговијата треба да се обработат.

На прашањето каква е веројатноста за „Brexit“ без договор Московичи, рече дека „добра зделка … се уште е можна“, додавајќи дека „Комисијата работи во оваа насока и само во оваа насока“.

При само шест месеци, преостанати до излегувањето на Велика Британија од ЕУ, времето веќе ги притиска и двете страни и сакаат да постигнат договор пред крајот на годината, така да ги намалат стравувањата за хаотичниот „Brexit“ кој може да доведе до пад на економијата.

Во однос на изборите за Европскиот парламент следната година Московичи, кој е поранешен министер за финансии на Франција, не исклучи да се номинира за водечки кандидат на групата на социјалдемократите.

„Ова е нешто што не е невозможно“, рече тој. „Моментот кога точно кажав што ќе направам, не дојде. Па затоа за 2-3 недели ќе ги објавам моите намери“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП