26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

Во 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

Производството на кокаин во Колумбија достигна рекордно ниво во 2017 година, според неодамна објавената статистика на ОН. Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) предупредува дека минатата година производството на дрога во Колумбија се зголемило, и тоа за рекордни 31 отсто во однос на претходната година, објави Би-Би-Си.

Минатата година се одгледани 1.400 тони на површина од 171.000 хектари, што значи дека вкупната површина на земјиште користени за оваа намена се зголемила за 17% во споредба со 2016 година кога кокаинот бил произведен на површина помала за 25.000 хектари.

Колумбија е најголемиот производител на кокаин во светот, а најголемиот дел од дрогата го извезува во САД, кој е најголемиот потрошувач на кокаин во светот.

Со години земјата се бори со производителите на кокаин, каде што и САД им помагаат со 400 милиони долари годишно во војната против дрогата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП