10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите. Полицијата, Противпожарната екипа и брза помош се повикани на терен. Се проверува влезот на зградата, каде што неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Полицијата реагирала по пријава на станарите кога се пожалиле на непријатната миризба што се ширела во влезот на зградата која се наоѓа во близина на Трговскиот центар „Скопјанка“.

Станарите велат дека не знаат што се случува, им било кажано само да ја напуштат зградата.

„Сите помошни простории се искршени“, велат жителите.

Противпожарната единица со 5 пожарникари и едно возило ги евакуирала сите станари од влезот. Сега влезе полицијата да утврди за што се работи, вели командантот на Противпожарната единица на град Скопје, Ѕвонко Томевски, за „Макфакс“.

Станарите се евакуирани со гас-маски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП