26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ја зголеми прогнозата за раст за 2018-та и покрај глобалните ризици

Швајцарија ја зголеми прогнозата за раст за 2018-та и покрај глобалните ризици

Ориентираната кон извоз швајцарска економија може да го објави најсилниот годишен раст од 2010-та година и покрај растечките глобални ризици, како ескалацијата на трговска војна, кои претставува закана за 2019-та година, објави владата, цитирана од „Ројтерс“.

Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија изјави дека очекува економски раст од 2,9% во 2018-та година, надминувајќи ја прогнозата од месец јуни за раст од 2,4%.

„Ефектите од воведувањето на двонасочните царини меѓу САД и Кина, сепак може да се размножат и во Европа, а италијанската влада може да создаде дополнителни турбуленции“, смета Роналд Индерганд, економист во Државниот секретаријат. Друго потенцијално прашање е излегувањето на Велика Британија од Европската унија во март следната година.

Сите овие фактори би можеле да го забават растот на ЕУ – најголемиот пазар на Швајцарија, или да предизвика поскапување на швајцарскиот франк, кој често се гледаше од инвеститорите како валута „азил“. Поскапиот франк, сепак ги прави и производите на земјата поскапи и соодветно ја намалува профитабилноста на компаниите.

Државниот секретаријат за економски прашања прогнозира инфлација од 1% во оваа година во земјата и 0,8% во следната, давајќи на тој начин зелено светло на централната банка да ја задржи монетарната политика без промена за време на средбата во четврток.

Напредокот на производствениот сектор и силниот извоз помагаат за економскиот раст во вториот квартал од годината кој ќе достигне 3,4% на годишна основа – најбрзата стапка по осум години.

Владата очекува извозот да продолжи да обезбедува значителен поттик за растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП