25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways објави загуба од речиси 70 милиони долари

Qatar Airways објави загуба од речиси 70 милиони долари

Катарската авио-компанија „Qatar Airways“ забележаа загуба од 69 милиони долари во оваа финансиска година, што претставува пад од над 800 милиони долари во однос на претходната година, пренесоа американските медиуми. Превозникот на долги растојанија го припишува овој резултат на тековниот бојкот на Доха од четири арапски земји.

Загубите кои авиокомпанијата ги предвиде, ги покажува предизвиците со кои се уште се соочува Катар, малата земја на Арапскиот полуостров, богата со енергетски ресурси.

„Оваа бурна година неминовно имаше влијание врз финансиските резултати, што се одразува врз негативниот ефект, до кој доведе нелегалната блокада“, рече извршниот директор на „Qatar Airways“, Акбар ал-Бакр.

„Сепак, можам со задоволство да кажам дека влијанието беше минимизирано, секако, не толку лошо како што се надеваа нашите соседи“, додаде тој.

„Qatar Airways“, со седиште во Доха, објави приходи од 11,5 милијарди долари во 2018-та година. Компанијата ја прилагоди својата добивка за 2017-та година на 766 милиони долари од приходите од 10,7 милијарди долари. Овој резултат не го одразува ефектот на бојкотот, кој започна на 5-ти јуни 2017-та година.

Овој бојкот го затвори воздушниот простор на Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ за „Qatar Airways“. Така, авиокомпанијата беше принудена да прави подолги летови, користејќи повеќе гориво и зголемување на своите трошоци. Авиокомпанијата објави дека 18-те патишта се затворени поради нелегалната блокада.

Земјите за бојкот рекоа дека кризата е поттикната од поддршката на Катар за екстремистичките групи во регионот. Доха ги отфрли ваквите тврдења.

„Qatar Airways“ продолжува да се натпреварува со други големи превозници на долги растојанија како „Emirates“ со седиште во Дубаи и „Etihad“ во Абу Даби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП