26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаесен пристигнува обновената Insignia

Наесен пристигнува обновената Insignia

opel-insignia-facelift-600x369

По 580.000 купувачи и четири години на пазарот „Opel Insignia“ поминува низ сериозни стилски промени се со цел да остане во првите редови на моделите во својот сегмент. Официјалното деби на автомобилот  е закажано за автосалонот во Франкфурт (12 – 22 септември), но веќе се знае дека освен промени однадвор и одвнатре овој модел ќе се одликува и со нова палета на мотори и далеку помодерен систем за забава и навигација.

opel-insignia-facelift-10

Ревидирананиот спектар на турбо дизел мотори е збогатен со уште два 2-литарски со капацитет од 120 и 140 коњски сили и просечна потрошувачка од 3.7 литри на 100 км. Како и досега, останува можноста купувачите на „Insignia“ да нарачаат автомобил на бензин, дизел или гас.

opel-insignia-facelift-02

Во споредба со старата модификација новата може да се пофали со подобрувања и на подножјето на возилото, како и комфорот, но и стабилноста која е на повисоко ниво од својот претходник.

Новиот системот кој е од новата генерација, па така интегрира бројни карактеристики за поврзување на автомобилот со паметните телефони и може да биде управувана интуитивно и лесно со помош на осетливиот на допир дисплеј кој е во централната конзола, како и од копчиња на воланот или со глас.

opel-insignia-facelift-12

Секако, во игра останува и караванската „Sports Tourer“ изведба која изгледа попривлечно од седанот. Купувачите на оваа верзија ќе можат да уживаат во поголемиот багажен простор и поголемата практичност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП