18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска земја во која кинеските туристи оставаат најмногу пари

Европска земја во која кинеските туристи оставаат најмногу пари

Кинезите се познати како големи патници, а оваа година тие најмногу ја избирале Европа, поточно Италија, во која потрошиле дури 83 отсто повеќе пари отколку претходната година.

„Патувањето во странство, а најмногу во Европа, е најголема желба на секој млад кинески турист. За нив, шопингот во Италија е неповторлива можност, која многукратно го збогатува нивното туристичко искуство“, вели Пјетро Кандела, директор на мобилната платформа за плаќање „Алипај“.

Покрај тоа, по купувањето во Италија, кинеските туристи продолжуваат да ги користат истите брендови, па од Кина нарачуваат и плаќаат преку интернет, така што врската со Италија останува и по нивното враќање дома.

Кинеските туристи, кои се најмногубројни во Италија, се родени во 90-тите години на минатиот век, што значи дека во најголем дел тие се на возраст меѓу 19 и 28 години.

Инаку, зголемената потрошувачка од страна на кинеските туристи не е случај само со Италија. Во Русија забележано е зголемување од дури 5.000 отсто во однос на потрошувачката на кинеските туристи за време на мундијалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП