19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Мораме да одиме напред за младите да останат овде

Тевдовски: Мораме да одиме напред за младите да останат овде

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, при што двајцата соговорници констатираа дека приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок.

„Веќе гледаме раст на платите. Новите работни места што ќе се отворат со влезот на Македонија во НАТО и ЕУ ќе прават притисок платите забрзано да растат. Со тоа ќе се подобри стандардот. Мораме да одиме напред за младите да останат овде. Тоа е најважно“, истакнал министерот на средбата и додал дека обезбедни се 70 милиони евра за изградба на локални патишта, како и дека до крајот на годината ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица.

Тевдовски и Петровска дискутирале и за проблемите со долговите на општините.

„Имаме софтвер за евиденција на обврските преку кои треба да се стави ред во општините. Општините беа оставени во огромни долгови. Тоа мора да го решиме за да бидат ликвидни“, истакнал министерот за финансии.

За време на посетата на Битола, министерот за финансии остварил средба и со стопанственици од градот под Пелистер.

„Од октомври можете да аплицирате со проекти во банките за 100 милиони евра од евтината кредитна линија обезбедена преку ЕИБ“, им порачал Тевдовски на присутните и ги повика да инвестираат бидејќи, како што истакна, Владата е тука да биде нивен партнер и да ги поддржи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП