29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставници на СБ заинтересирани за развој на пазарот на соларна енергија во...

Претставници на СБ заинтересирани за развој на пазарот на соларна енергија во Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Скопје се сретна со претставници на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во своите напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостигот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија на пазарите на Западен Балкан и пошироко.

На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети.

Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка беше развојот на пазарите на соларната енергија. Тие изразија подготвеност да ѝ помогнат на Владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји.

Министерот Бетеши информира за најновите случувања во политиката и економијата во земјата и можностите за инвестирање во разни сфери изразувајќи длабока благодарност за нивната подготвеност да ѝ помогнат на Македонија преку енергетскиот сектор при Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП