7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоботи ќе го заменат персоналот во рестораните

Роботи ќе го заменат персоналот во рестораните

rob1

Угостителската услуга со насмевка во кинескиот ресторан „Sci-Fi“ е заменета со прецизната работа на роботите.

Во „Ресторанот робот“, 20 роботи секојдневно послужуваат храна, готват тестенини и кнедли и ги забавуваат гостите во Хабрин во кинеската провинција Хелонгијанг.

Кога гостинот ќе влезе во ресторанот, роботот кој е задолжен за пречек на гости, ја подава раката и ги поздравува гостите со „Здраво пријатели, добредојдовте во Ресторанот робот“.

Откако гостите ќе нарачаaт оброк, роботот-келнер ја пренесува нарачката на роботот-готвач, кој во кујната ги приготвува деликатесите. Кога оброкот е подготвен, роботот-келнер ја послужува храната. Додека гостите уживаат во оброците роботот-пејач ги забавува.

Главниот инженер Лиу Хашенг, вели дека вложил 500.000 фунти во ресторанот, а цената на секој робот се движи од 20.000 до 30.000 фунти.

Ресторанот има стекнато меѓународна слава и неговата популарност секојдневно се зголемува од отварањето во јуни минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП