Од октомври годинава речиси 4.200 вработени во претшколските установи ќе добијат плати зголемени пет отсто.
За таа цел, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месецов, да ги изврши подготовките за исплата на плата што ќе биде исплатена во октомври линеарно зголемена 5 отсто на коефициентите што се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки во согласност со обезбедените средства во буџетот за 2018 година.
Со оваа мерка на Владата, која е дел од информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца – детски градинки – во 2018 година, усвоена на денешната 89. владина седница, ќе бидат опфатени повеќе од 4.200 вработени во претшколското воспитување.