19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШапуриќ на бизнис-форум: Со интеграциските процеси на земјите во регионот, до зајакнување...

Шапуриќ на бизнис-форум: Со интеграциските процеси на земјите во регионот, до зајакнување на регионалната соработка

За да се комплетира визијата за слободна Европа, мора да се гледа и регионално надвор од земјите на ЕУ и да се осврнеме на инфраструктурната интеграција на Источна Европа и Западен Балкан, порача министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Шапуриќ, на вториот ден од одржување на бизнис-форум „Иницијатива 3 мориња“.

Според него, треба да се работи на зголемен регионален пристап во областа на патна и железничка инфраструктура и енергетика, што ќе придонесе кон унапредување на економската соработка во земјите во регионот, како и олеснување на трговската размена на стоки и услуги. Република Македонија е заинтересирана за активно учество во оваа иницијатива и очекува прогрес со реализирање на конкретни проекти.

,,Очекувам регионалната соработка да зајакне и земјите членки на оваа иницијатива во ЕУ и НАТО, што ќе значи зголемување на атрактивноста на европските и евро-атланските перспективи на земјите во овие региони̏.

Исто така, информираше дека како резултат на постигнатиот договор со Грција, Македонија ќе стане 30. членка на НАТО, а воедно и добивање датум и почнување преговори за добивање статус на полноправна членка во ЕУ.

Покрај активното учество во форумот, министерот Шапуриќ оствари неколку билатерални средби со Ана Бирхол- заменик-премиер за имплементација на стратегиските партнерства на Романија; Чирил Габуричи – министер за економија и инфраструктура во Република Молдавија; Џорџ Шарвашиџе – заменик-министер за надворешни работи во Џорџија, и Михаи Дарабан – претседател на Комората за трговија и индустрија на Романија, кои изразија надеж за успешност на претстојниот референдум во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП