5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде е најголем бројот на супербогати?

График на денот: Каде е најголем бројот на супербогати?

Бројот на супербогати низ целиот свет е во пораст. Според годишниот извештај на „Wealth-X – World World Ultra Wealth Report“, бројот на луѓето со ултраголемо нето богатство, или оние со богатство од над 30 милиони долари, е зголемен за 13% во минатата година до 255.810 лица, соопшти „Statista“.

Овој раст се должи на раздвижените берзи, стабилниот економски раст, силните пазари на капитал и стабилниот девизен курс во однос на доларот. Вкупно 255.810 луѓе имаат богатство од 31,5 илјади милијарди долари.

Со години Северна Америка е движечка сила при зголемувањето на бројот на богати луѓе, но денес оваа титула е пренесена во Азија. Студијата открива дека бројот на супербогатите во Азија е зголемен за 19% во 2017-та година, што е двојно побрзо од растот во Северна Америка и се должи на зголемените нивоа на богатството во Кина.

Како резултат на тоа, Хонг Конг го замени Њујорк како град со најголема популација на ултрабогати. Во поранешната британска колонија населението од богаташи со најмалку 30 милиони долари скокнало со 31% во минатата година до 10.000 лица, надминавајќи го „Големото јаболко“ со 8.900 лица. Токио ги формира првите три, додека Париз е лидер во Европа, иако е петти во светот со 4.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП