Државниот фонд на Саудиска Арабија го зема својот прв заем во вредност од 11 милијарди долари, објави „Bloomberg“.
Износот е поголем од првично планираниот, бидејќи банките покажаа поголем интерес. Од „Public Investment Fund“ (PIF), рекоа дека заемот ќе им овозможи да работи на идните договори.
„Тоа е првиот чекор од страна на Фондот при вклучувањето на заеми и должнички инструменти во неговата долгорочна стратегија“, управувачкиот директор на „PIF“, Јасер Ал-Румајан.
Најголемиот дел од заемот е добиен од страна на „Goldman Sachs Group Inc.“, „HSBC Holdings Plc.“ и „JPMorgan Chase & Co.“.
За нивниот заем од „PIF“ ќе плаќаат камата, која се формира од „LIBOR +“ – 0,75 базични поени. Ако сите такси се вклучени, тогаш цената на кредитот достигнува 0,90 б.п.
Фондот, кој има инвестиции во компании, како „Uber“ и „Tesla“, го назначи минатата година Алиреза Заими, кој до тогаш ја заземаше позицијата управен партнер во „Bank of America Merrill Lynch“. Тој е одговорен за идните заеми на Фондот.
„PIF“ е во процес на продажба на својот удел во „Saudi Basic Industries Corp.“ на друга компанија од Саудиска Арабија – „Saudi Aramco“, со договор кој се очекува да достигне 70 милијарди долари.
Според аналитичарите тоа беше, исто така, една од причините зошто која ја одложи првичната јавна понуда на „Aramco“.