9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко Кина воведе контрамерки, Трамп се закани со дополнителни царини

Ако Кина воведе контрамерки, Трамп се закани со дополнителни царини

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ѝ воведе царини на Кина, кои изнесуваат 10 отсто на стоката увезена од таа земја во вредност од 200 милијарди долари.

Тој предупреди во соопштението дека ако Кина воведе контрамерки за американските фармери и индустрија, тој „веднаш ќе премине на третата фаза” и ќе воведе дополнителни царини за увоз на стоки во вредност од 267 милијарди долари.

Кина ги разгледува плановите за испраќање делегација во Вашингтон, по одлуката на САД, која го зголеми ризикот за проширување на трговскиот спор помеѓу двете најголеми економии во светот.

Официјален претставник за безбедност на пазарот рече дека постапките на САД нема да влијаат на Кина бидејќи Пекинг има бројни средства за спроведување фискални и монетарни политики за да се спротивстави на влијанието на мерките на Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП