19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати...

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50 милиони евра.

Станува збор за две аукции на државни хартии од вредност и една аукција на држвни записи, со кои треба да се обезбедат пари, кои ќе се враќаат во следните година, 3 години и 15 години, со каматни стапки од 0,90%, 1,50 и 2,90%.

Веќе утре државата треба да ја врати истата сума, за да ги покрие достасаните побарувања. Државниот долг, според Министерството за финансии заклучно со првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, или 47,7% од БДП, а јавниот долг е 4,3 милијарди евра или 39,9% од БДП.

Следниот месец според календарот на задолжувања на Министерството за финансии се предвидени 3 аукции на домашниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП