4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигиталната трансформација – централна тема на самитот за бизнис-лидери од Југоисточна Европа

Дигиталната трансформација – централна тема на самитот за бизнис-лидери од Југоисточна Европа

Подготовките за седмиот „Самит 100“ за бизнис-лидери од регионот, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Белград, се во полн ек.

Своето учество на еден од најважните настани во Србија досега го потврдија Ана Брнабиќ, претседателката на Владата на Србија, и Зоран Заев, претседател на Владата на Македонија. По пат на видеолинк, своја порака до учесниците на настанот ќе испрати и Марија Габриел, европска комесарка за дигитални економија и општество.

Централната тема на „Самит 100“ годинава ќе биде дигиталната трансформација т.е. како, искористувајќи го потенцијалот на 4. индустриска револуција,  да се направи „квантен” скок кон развиен и глобално конкурентен регион. Врвни експерти од регионот и Европа ќе зборуваат за мобилност на работната сила, енергетска одржливост и брендирање на регионот.

На панелите ќе се разгледува до каде се стигнало со реализацијата на досегашните регионални заеднички проекти Едисон, Зелена Балканика, Free cargo, но ќе се разменат и креативни идеи и ќе се формираат нови иновативни проекти следејќи го развојот на дигиталната технологија.

Овогодишниот форум ќе го отвори Станка Пејановиќ, претседателка на УО на „Самит 100“ и претседателка на Српската асоцијација на менаџери и Алехандро Платер, оперативен директор на компанијата A1 Telekom Austria Group.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП