28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина нема да игра само одбрана во трговската војна

Кина нема да игра само одбрана во трговската војна

Министерството за надворешни работи на Кина во понеделникот рече дека неговата влада ќе одговори ако САД применат нови тарифи, во пресрет на очекуваното објавување на американскиот претседател Доналд Трамп на нови тарифи за кинеските стоки во вредност од 200 милијарди долари, а таблоидот “Global Times” предупреди дека во тој случај Кина нема да игра само одбрана.

Портпаролот на министерството, Генг Шуанг, на прес-конференцијата во Пекинг изјави дека сите разговори меѓу двете земји треба да се одржат на исто рамниште.

Кина нема да биде задоволна ако игра само одбрана во растечката трговска војна со САД, предупредува најчитаниот кинески таблоид.

Пекинг, исто така, може да одбие да учествува во предложените разговори со Вашингтон подоцна овој месец, ако администрацијата на Трамп продолжи со дополнителните царини, објави во неделата “The Wall Street Journal”, цитирајќи кинески официјални претставници.

Во извештајот на кинескиот претставник се вели дека Кина нема да преговара со “пиштол насочен кон нивната глава”.

САД и Кина веќе се наплатуваат меѓусебно со царински давачки во вредност од 50 милијарди долари, што ги потресе глобалните финансиски пазари во последниве месеци.

Минатата недела, Министерството за финансии на САД покани високи кинески претставници, вклучително и потпретседателот на кинеската влада Лиу Хеа на нови разговори за трговскио спор, иако набљудувачите на двете страни остануваат скептични.

Висок официјален претставник за време на викендот изјави за Ројтерс дека Трамп веќе од понеделникот може да ги објави новите царински давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП