22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј: Моите услови или нема договор за брегзит

Меј: Моите услови или нема договор за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека нема алтернатива за нејзиниот потенцијален договор за условите за брегзит.

Меј во интервју за Би-би-си ги предупреди противниците, кои се заканија дека ќе го соборат нејзиниот договор, дека единствена алтернатива на нејзиниот план е Британија воопшто да не постигне договор. Таа истакна дека британскиот парламент ќе поддржи каков било договор за брегзит што таа ќе го постигне со ЕУ.

„Мислам дека парламентот ќе го поддржи договорот бидејќи граѓаните ја гледаат важноста во тоа да ги задржиме добрите трговски односи со ЕУ, но да ги извлечеме сите бенефити од брегзитот“, нагласи Меј.

Прашана што би се случило ако договорот биде одбиен, Меј рече дека е сигурна оти Европската Унија не би овозможила подобри услови за брегзит.

Британија би требало да ја напушти ЕУ на 29 март, но засега малку од тоа е познато бидејќи не е постигнат конечен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП