18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБум на кандидати-милијардери на Блискиот Исток

Бум на кандидати-милијардери на Блискиот Исток

Извештајот на „Knight Frank“ и „Wealth X“ укажува дека во следните четири години, Блискиот Исток ќе има вкупно 500 нови супер богати.

Во изданието од 2017-та година беа пресметани 390 полумилијардери или луѓе со богатство помеѓу 500 и 999 милиони долари, од кои 120 беа во Саудиска Арабија. До 2022-ра година оваа бројка се очекува да порасне на 500 лица.

Извештајот не ги спомнува богатите во таква ситуација во другите земји од Блискиот Исток, само укажува дека до 2022-ра година, 140 од новите милијардери ќе бидат од Саудиска Арабија.

Денес има 6.900 луѓе во светот со богатство меѓу 500 и 999 милиони долари, но нивниот број се очекува да достигне 9.570 за четири години.

Во Азија, се очекува дека ќе има околу 3.000 такви богати луѓе со што ќе го преземат водството од Северна Америка.

Лидер според овој индикатор до 2022-ра година ќе биде Кина, каде што луѓето со богатство од речиси 1 милијарда долари ќе се зголеми од 490 на 990.

Блискиот Исток продолжува да привлекува и произведува милионери и милијардери, а главни причини за тоа се добро развиената инфраструктура и идеалната локација. Според извештајот на „Capgemini“, таму живеат 700.000 милионери, што е за 100.000 повеќе од пред една година.

Нивното вкупно богатство достигна 2,5 илјади милијарди долари, што е за 4% повеќе од пред 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП