19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДо успех нема да дојдете доколку сте срамежливи

До успех нема да дојдете доколку сте срамежливи

Доколку сте повлечени и дискретни, ќе ви биде потешко да дојдете до деловен успех.

Затоа многу е важно да ја надминете вашата природа, откријте им ги на претпоставените своите лични способности и претставете се во вистинско светло, советува Business Insider.

Усовршете го говорот

Не дозволувајте вашите идеи и изјави да звучат како прашања. За да го научите правилниот, авторитетен говор, купете диктафон и вежбајте дома.

Претставете се достоинствено

Интровертните луѓе не сакаат фалење, претерано претставување, но ако вашите претпоставени не го воочат вашиот потенцијал и работа, покажете им ги сами. Направете го тоа на прифатлив начин, не се наметнувајте. А доколку некој се сомнева во вашата способност и ве запраша дали работата ќе ја завршите навреме, кажете му дека ќе биде два часа порано од рокот.

Не велете дека, на пример, „ќе остварите супер продажба на терен“, кажете „продажбата ќе биде за 20 проценти поголема“.

Побарајте помош од вашиот шеф

На суптилен начин побарајте помош од вашиот шеф, на пример, „Дали постои подобар начин за да ја изработиме оваа задача?“. На тој начин нема да се претставите како неспособни, туку ќе му дадете комплетна доверба на шефот и ќе ја испочитувате неговата идеја која можеби е подобра од вашата, истовремено ќе му покажете дека ја цените неговата работа и го сметате за експерт на тоа поле за кое му придавате важност.

Срамежливоста оставете ја дома, на работното место мора достоинствено да се претставите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП