САД би можеле да ја вратат титулата најголем светски произведувач на нафта порано од очекуваното.
Американската Агенција за енергетски информации (ЕИА) соопшти дека САД, според прелиминарните проценки, со производството на нафта, најверојатно, ја поминале Русија во јуни и август, откако претходно годинава се позиционирале пред Саудиска Арабија.
Ако се проценките точни, САД за првпат од 1973 година повторно ќе бидат водечки светски произведувач на нафта.
Агенцијата очекува САД да останат на врвот, пред Русија и Саудиска Арабија, до крајот на оваа година, како и во текот на следната.