26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Salesforce го купува списанието Time за 190 милиони долари

Основачот на Salesforce го купува списанието Time за 190 милиони долари

Основачот на компанијата за облачни услуги „Salesforce“, Марк Бениоф и неговата сопруга Лин го договориле купувањето на списанието „Time“ од „Meredith Corp.“ за 190 милиони долари, приклучувајќи се кон групата технолошки милијардери, како Џеф Безос, кои купуваат печатени изданија, кои западнале во тешкотии.

Овој чекор му дава на 53-годишниот претприемач, еден од лидерите во префокусирањето на компаниите од употреба на софтвер за облачни услуги, нова улога – медиумски магнат, коментира „Bloomberg“.

Бениоф, чие нето богатство изнесува 6,5 милијарди долари, е извршен директор на „Salesforce“, но зделката не е поврзана со технолошката компанија, се посочува во соопштението.

„За нас е чест да се погрижиме за една од најважните медиумски компании и иконски бренд во светот“, велат тие во изјавата од неделата. „„Time“ секогаш било доверлив одраз на состојбата на светот и не потсетува дека бизнисот е еден од најголемите платформи за промена“.

„Meredith“, која е позната по изданијата, како „Better Homes & Gardens“, го купи „Time“ како дел од купувањето за 1,8 милијарди долари на „Time Inc.“ во јануари. Малку потоа, сепак таа предложи некои од најголемите имиња за продажба, вклучувајќи ги „Sports Illustrated“, „Fortune“ и самото списание „Time“.

Во неделата од „Meredith“ изјавија дека трансакциите за останатите изданија се очекуваат „во блиска иднина“.

„Wall Street Journal“ порано соопшти за договорот со „Time“, која се очекува да заврши во наредните 30 дена. Семејство Бениоф изјавија дека нема да се мешаат во секојдневните одлуки на редакциската екипа. Тие, исто така, планираат да го задржат актуелниот лидерски тим на списанието.

Бениоф се обидува да ја зајакне својата репутација на граѓански лидер преку лична филантропија и корпоративно спонзорство на јавни проекти во родниот Сан Франциско.

„Time“ е основан во 1923-та година, од годишно се бори со пропаѓањето на печатените изданија поради падот на рекламите. Сепак, тој продолжува да привлекува повеќе од 100 милиони читатели на интернет и на печатеното списание. Специјалните изданија, вклучувајќи го „Човек на годината“, исто така се следат внимателно од публиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП