Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а долж Повардарието ќе дува умерен северозападен ветер, информираат од уравата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека во северните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната температура од 26 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 32 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време. Во текот на утрешниот ден во северозападниот планински дел ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд.