Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Со посебен софтвер ќе се следи како се трошат парите за рамномерен регионален развој

Време: 15:42

Датум: септември 14, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Владата со софтверско решение ќе утврдува колку и како се трошат парите што се наманети за обезбедување регионален рамномерен развој.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека со организиран пристап ќе се врши рамномерна распределба на средствата во регионите. Доколку не се преземат мерки за надминување на разликите во нивниот развој, како што оцени денеска, во државава ќе има три големи градови во кои сите ќе сакаат да живеат, а останатите ќе бидат празни.

– Ако денес сакаме да видиме информација дали одвојуваме доволно средства како што кажува и законот, односно еден отсто од БДП за рамномерен регионален развој, не можеме да видиме дека е тоа така бидејќи тие средства се распределени по сите институции и не можеме да видиме дали навистина тие средства се одвојуваат или не. Со овој софтвер ќе ја знаеме бројката на средства и како се распределени, рече Анѓушев.

ИТ алатката ќе се изработи во соработка со швајцарската Влада како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Формирана е проектна единица која ќе подготви документација и ќе распише постапка за избор на компанија која ќе го изработи софтверот.

– Не смее да се повтори ситуација во која во град Скопје ќе потрошиме 800 милиони евра за да направиме супер модерен град, барок итн, а притоа само 18 проценти од државата да биде покриена со канализациски систем, или пак да направиме систем како „Злетовица“ во кој сме потрошиле 100 милиони евра, но не сме прилагодиле општините да ја користат таа вода и сега системот не е функционален, таквите грешки не смееме да ги повторуваме, укажа Анѓушев.

Како што нагласи амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Томаџан, проектот е продолжение на активностите што со поддршка на швајцарската Влада се спроведуваат во државава од 2012 година.

– Потребно е да се алоцираат буџетски средства согласно потребите на планските региони, меѓутоа потребно е подеднабвао и поефиаксно баначнсирано финансирање како на хоризонтално така и на вертикално ниво во тек на подготвување и спроведување на националните програми за развој. Потребно е исто така подобрување на механизмите за идентификување и мониторирање на финаниската распределкба и другите мерки за поддршка и за спроведување регионални проекти, рече Томаџан.

Според министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, новиот систем треба да обезбеди знајчајни и навремени информации за сите носители на регионалниот развој. – Важно е што ќе се обезбеди вклучување на граѓаните во определување на приоритетите во планските региони согласно нивните потреби, рече Фазлиу.

Тој очекува ефекти од проектот уште следната година, за кога најави дека Министерството за локална самоуправа ќе почне подготовка на стратегија за регионален рамнорен развој, како десетгодишен плански документ.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски…

  • Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина и промена – тоа се основите на среднорочниот економски план на Турција, претставени денес од Министерот за финансии и државната каса Берат Албајрак,…

  • Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат…

  • Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    ЕБОР ја финансира модернизацијата на патната мрежа во Македонија со цел да ја подобри транспортната инфраструктура во земјата и да ја поттикне националната економија. Кредитот…

  • Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Италија треба да вложи напори за одржување на државниот долг под контрола, изјави еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи. Ова може да се случи со…

  • Пазарите во Европа отворени за македонските производи, недостигаат европските стандарди

    Пазарите во Европа отворени за македонските производи, недостигаат европските стандарди

    Пазарите во Европа немаат бариери за увоз на македонски производи, но она што им недостига на македонските компании е што треба да имаат исполнето соодветни…

  • Тројца нови милијардери од … марихуана

    Тројца нови милијардери од … марихуана

    Првиот фонд за бизнис инвестирање кој ги насочил вложувањата во растечката индустрија на канабисот, создаде тројца милијардери, пишува „Fortune“. Брендон Кенеди, Мајкл Блу и Кристијан…

  • Во 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

    Во 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

    Производството на кокаин во Колумбија достигна рекордно ниво во 2017 година, според неодамна објавената статистика на ОН. Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал…