Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.04%    FERS 77,000.00 0%    GRNT 850.37 0.04%    KMB 5,328.59 0.08%    MPOL 350.00 -7.16%    MPT 62,486.29 -0.02%    OHB 6,090.00 0.02%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,094.20 1.81%    STIL 104.61 -0.37%    TNB 15,900.35 0.64%    TTK 1,328.38 2.18%    

Трговијата и консумирањето на евтинa брза храна се пречка за здрава исхрана

Време: 12:42

Датум: септември 14, 2018

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Генералниот директор на ФАО на работилница во Ватикан повика на јавни политики кои се насочени кон намалување на дебелината и прекумерната тежина.

Глобализираниот систем за храна го отежнува водењето здрав начин на исхрана и придонесува за дебелината и прекумерната телесна тежина, особено во земјите кои увезуваат најголем дел од нивната храна, укажува Генералниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва.

“За жал, стоките и индустријализираната евтина храна се многу полесни за меѓународната трговија”, рече Грацијано да Силва, обраќајќи се на учесниците на техничката работилница за безбедност на храната и здрава исхрана организирана од Папската академија на науките на Ватикан.

Проценките покажуваат дека денеска 2,6 милијарди луѓе се со прекумерна тежина и дека преваленцата на дебелината кај светското население е зголемена од 11,7 проценти во 2012 година на 13,2 проценти во 2016 година.

“Ако не преземеме итни мерки за да ги запреме зголемените стапки на дебелина, наскоро можеме да имаме повеќе дебели луѓе отколку недоволно исхранети луѓе во светот”, истакна Грацијано да Силва. “Постојат неколку основни фактори заслужни за глобалната пандемија на дебелина. Нездравиот начин на исхрана е најзначајниот”.

Проблемот е особено изразен во малите островски земји во развој во Пацификот, кои мора да увезуваат поголем дел од нивната храна, со стапка на дебелина која се движи од повеќе од 30 проценти на Фиџи до 80 проценти кај жените во Американска Самоа.  Во најмалку 10 пацифички островски земји, преку 50 проценти (и кај некои до 90 проценти) од населението има прекумерна тежина. Преголемата потрошувачка на увезена индустриска храна со висока содржина на сол, натриум, шеќер и транс масти е главен причинител на оваа ситуација.

Тој укажа на зголемена достапност на видови на храна со висока енергетска вредност, богати со масти, шеќер и сол, чија продажба е поттикната од интензивен маркетинг и рекламирање.

“Брзата и нездрава храна е најдобриот пример за тоа. Овој вид храна е поевтин и подостапен, како и полесен за подготовка од свежата храна, особено за сиромашните луѓе во урбаните средини”, рече Грацијано, истакнувајќи дека при намалени ресурси на храна, луѓето избираат поевтини прехранбени продукти кои често се со високо калорични, а со ниски хранливи вредности.

Консумирањето на оваа евтина храна, пак, има висока цена за општеството, а тоа е прекумерната телесна тежина како главен ризик фактор за многу болести како што се срцевите заболувања, мозочниот удар, дијабетесот и некои видови рак.

Јавна акција, однесување на потрошувачите

“Државите треба да имаат закони во насока на здрав начин на исхрана, кои го поттикнуваат приватниот сектор да произведува здрава локална храна”, потенцира Грацијано да Силва. Тоа може да вклучуваа воведување на даноци за нездрави прехранбени производи; јасно и информативно обележување на производите; ограничување на рекламирање на брза храна за децата; и, намалување на нивото на сол и шеќер користени за производство на храна, па дури и забрана за употреба на некои состојки како што се транс масти.

Владите, исто така, треба да ја поттикнат разновидноста на исхраната и да го олеснат пристапот на локалните производи од семејните земјоделски производители до потрошувачите. Дополнително, програмите за исхрана во училиштата можат да се поврзаат со локалните производители за производство на храна за училишните оброци – со што ќе се поттикне локалната економија, а истовремено се промовира здрава исхрана за децата.

Генералниот директор на ФАО, исто така, потенцира дека трговските договори мора да бидат дизајнирани на начин што ќе го поевтинат производството на локална, нутритивна храна, истовремено ограничувајќи го приливот на увезени евтини производи богати со масти, шеќер и сол.

Тој, исто така, ја нагласи важноста на образованието, вклучително и училишните наставни програми кои ги учат децата за производство и избор на здрава храна, за здраво готвење, како и поголем пристап до информации за потрошувачите за здрав начин на исхрана.

Грацијано да Силва информираше за претстојните две меѓународни конференции за безбедноста на храната и здравата исхрана кои ќе се одржат на почетокот од следната година: една од страна на Африканската унија / ФАО / СЗО во Адис Абеба; и друга во организација на ФАО, СЗО и СТО за безбедноста, стандардите и трговијата на храна што ќе се одржи во Женева.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Направете сами спреј за нега на кожата после сончање

    Направете сами спреј за нега на кожата после сончање

    Ако сакате да измешате разни домашни производи за нега на кожа, веруваме дека денешниот текст ќе биде корисен од повеќе причини. Имено, овој рецепт не…

  • Најчестата грешка која ја правите со сладоледот, а со тоа се изложувате себе и вашите блиски на опасност

    Најчестата грешка која ја правите со сладоледот, а со тоа се изложувате себе и вашите блиски на опасност

    Сладоледот не треба да се чува подолго од пет минути на собна температура, па повторно да се замрзнува. Кога го вадите сладоледот од фрижидер, обично…

  • Засладените пијалоци се поопасни отколку што се мислеше

    Засладените пијалоци се поопасни отколку што се мислеше

    Консумирање само една третина газирани пијалоци го зголемува ризикот од рак, покажала новата студија, а и овошните сокови претставуваат ризик. Експертите предупредуваат дека само 100…

  • Јаглени хидрати: Дали треба целосно да ги исфрлите од исхраната?

    Јаглени хидрати: Дали треба целосно да ги исфрлите од исхраната?

    Секогаш кога се прави разговор за ефективно губење на тежината, првото нешто што слушаме е: “Исфрлите ги јаглехидратите!”. Дали јаглехидратите навистина претставуваат најголем извор на…

  • Отсекогаш сме се прашувале- дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

    Отсекогаш сме се прашувале- дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

    Овој омилен пијалок најдобро е да го испиете веднаш, но дали смеете (безгрижно) да го испиете и по долгото стоење? Нивото на ризик зависи од…

  • Зошто денот би требало да го започнете со вода и лимон?

    Зошто денот би требало да го започнете со вода и лимон?

    Започнете го денот така што ќе испиете топла вода во која претходно сте исцедиле лимон и направете добро за вашето здравје. Помага при варењето Не…

  • Колку е опасно да проголтаме гума за џвакање?

    Колку е опасно да проголтаме гума за џвакање?

    Дали може да ја свариме гумата за џвакање? Гумата за џвакање нашето тело не може во целост да ја свари. И додека состојките како засладувач…

  • Зошто смути е најдобра опција за доручек во текот на летото?

    Зошто смути е најдобра опција за доручек во текот на летото?

    Лесна подготовка Наутро кога брзаме на работа и имаме уште неколку обврски покрај тоа, најбрзиот начин да подготвите оброк е сè да ставите во блендер…

  • Бидете внимателни: Oваа храна сите ја сакаме, а не сме свесни колку лошо влијае на нашиот организам

    Бидете внимателни: Oваа храна сите ја сакаме, а не сме свесни колку лошо влијае на нашиот организам

    Постојат многу видови на храна кои под одредени услови можат да бидат причина за главоболка. Ако сте и вие меѓу оние кои често или барем…

  • Прва помош за сончаница: Еве како да се справите со првите симптоми кај вас и кај другите

    Прва помош за сончаница: Еве како да се справите со првите симптоми кај вас и кај другите

    Сончаница се јавува кога главата, особено тилот е изложен на висока температура. Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, смаченост, црвенило на лицето и телесна температура…