27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Нора Алити заедно со четворицата Комисионери организираа работна средба со брокерската и со фондовската индустрија.

Оваа средба беше платформа за размена на ставови помеѓу Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капитал и првите луѓе на Македонската берза АД Скопје, Центалниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, овластените банки, брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови за тоа како Република Македонија да има стабилен, регулиран, ефикасен и високо развиен пазар на хартии од вредност, согласно релевантните ЕУ директиви.

Фокусот беше ставен на приоритетите и целите за раст и развој на македонскиот пазар за хартии од вредност, на кои заеднички во наредниот период ќе треба сите повикани субјекти да преземат активности и да работат на нивната имплементација. Се дискутираше за основните фактори и пречки за унапредување и развој на примарниот и на секундарниот пазар на хартии од вредност, за мерките и активностите кои треба да бидат преземени од Комисијата за хартии од вредност на РМ за да се унапреди работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови и за тоа дали одредена регулатива или нејзин дел, која е во надлежност на Комисијата претставува проблем или пречка во остварување на полниот капацитет на предметот на работењето ДУИФ.

Беа отворени и актуелни прашања поврзани со системските предизвици, со престојната нова законска регулатива и супервизијата на пазарот на капитал, како и прашања кои произлегуваат од натамошните чекори во однос на процесот на европската интеграција на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП