Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.04%    FERS 77,000.00 0%    GRNT 850.37 0.04%    KMB 5,328.59 0.08%    MPOL 350.00 -7.16%    MPT 62,486.29 -0.02%    OHB 6,090.00 0.02%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,094.20 1.81%    STIL 104.61 -0.37%    TNB 15,900.35 0.64%    TTK 1,328.38 2.18%    

Информативна работилница за царинските постапки и извоз во е-трговијaта

Време: 10:51

Датум: септември 14, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со едукативни работилници и обуки чија цел е поттикнување на растот и развојот на е-трговијата во земјата. Темите коишто ќе бидат опфатени со обуките и едукативните работилници произлегоа од потребите на е-трговците изнесени при изготвувањето на сеопфатната Анализа за е-трговијата во Македонија, објавена од страна на Асоцијацијата во средината на оваа година.

Првата едукативна работилница на Асоцијацијата за е-трговија во соработка со Царинската Управа и DHL и со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, беше посветена на поедноставување на царинските постапки и извоз на производи. Целта на оваа работилница беше да им се помогне на е-трговците, да се влијае на цената на производот и да се зголеми конкуретноста на странските пазари.

„Ние веруваме дека иднината за подобра Македонија е во дигитална Македонија и smart општество, а е-трговијата е интегрален дел од едно такво општество“, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Нина Ангеловска, ко-основач на Групер.

Ангеловска, која пред два дена присуствуваше на Forbes Summit во Амстердам, ја сподели приказната за младата девојка од Ирска која заедно со својата сестра е на листата на Forbes Under 30.

„Тие дизајнираат и произведуваат уникатни навлаки за инвалидски колички и ги продаваат во 65 земји во светот и имаат мисија да го променат ставот за тоа дека инвалидските колички се медицински уред. Се прашав зошто таа девојка од Ирска не може да е од Македонија. Имаме толку млади и квалитетни луѓе кои треба да ги поддржиме. Знам дека немаме се уште PayPal, дека македонските компании немаат начин да продаваат на Amazon, eBay и слични платформи, дека се принудени да бараат креативни начини како да продаваат надвор од земјата наместо да се фокусираат на идејата, на бизнисот и како да го развиваат. Затоа Асоцијацијата ќе работи да ги олесни овие работи за нив, да помогне на домашните уметници, творци, дизајнери, производители… за утре некој друг, како јас што ја споменувам девојката од Ирска, да зборува за девојка од Македонија која продава уникатни производи во 100 држави ширум светот“, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија.

Директорот на Царинската управа на Македонија Ѓоко Танасоски смета дека во полето на е-трговијата има голем потенцијал и нешто што може да овозможи раст и иновации.

„Ние како Царинска управа настапивме со партнерски однос кон Асоцијацијата и многу ми е драго што потпишавме Меморандум за соработка во којшто имаме наведено многу работи и имаме намера да ги спроведеме и од година во година да имаме позитивни резултати што ќе ги почувствуваат, пред се, е-трговците“, рече Танасоски додавајќи дека очекува нивната подготвеност за соработка и отвореност да ја измени сликата за Царинската управа и е-трговијата.

Златко Ветеровски, помошник директор на Сектор за царински систем и Офелија Бајо, началник на Одделение за царински и даночни постапки во Царинската управа ги информираа претставниците на околу стотина компании и е-трговци како полесно да ги извезуваат своите производи на странски пазари, за поедноставените административни процедури на Царинската управа, како да се направи поврат на ДДВ и како да се минимизираат трошоците за испорака.

За предносите за побрза и побезбедна испорака на производите до купувачите во странство пред македонските е-трговци на работилницата зборуваше Марина Антова, Sales Supervisor DHL Express Macedonia.

Во рамки на активностите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на 26 октомври во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи првата Конференција за е-трговија во земјата (www.ecommerceconference.mk). Темите на конференцијата, која ќе има дваесетина говорници, се посветени на развојот на е-трговијата, видовите на плаќања, начините на достава на производите, а ќе бидат споделени и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и на глобално ниво.

Асоцијацијата за е – трговија на Македонија е прва и единствена асоцијација во земјата која се стреми кон инклузивна е-трговија. Мисија на Асоцијацијата е да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија преку поддршка на компаниите заинтересирани за е-трговија, да придонесе за што поголемо знаење за ваквиот современ начин на тргување имајќи ги предвид поврзаните услуги и технолошкиот развој, како и намалување и елиминирање на бариерите.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исплатлива инвестиција: сериозни заштеди со енергетска ефикасност

    Исплатлива инвестиција: сериозни заштеди со енергетска ефикасност

    Вложувањето во енергетска ефикасност односно не е трошок туку инвестиција која на среден а особено на долг рок резултира со сериозни заштеди. Новите прозори и…

  • Бургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната, отколку во САД

    Бургерите се силата на американскиот долар: Big Mac е поевтин во еврозоната, отколку во САД

    Некои политичари и учесници на пазарот веруваат дека американскиот долар е премногу силен во споредба со неговите ривали. Сега постои уште еден индикатор: Бургерот. Економскиот…

  • Фрлена када на дното на Охридското Езеро

    Фрлена када на дното на Охридското Езеро

    Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на желбите. Фотографијата е направена на…

  • Од денеска достапни 75 милиони евра за компаниите

    Од денеска достапни 75 милиони евра за компаниите

    Компаниите од денеска може да поднесуваат барање за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите по новите изменети услови, кои според Владата се олеснети…

  • Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

    Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

    Џеф Безос и Лорен Санчез, жената поради која најбогатиот човек во светот ја остави сопругата со која беше 25 години, финалето на Вимблдон помеѓу Новак…

  • САД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

    САД можеби ќе ја одобри соработката со Huawei веќе за две недели?

    Соединетите Американски Држави можеби веќе за две недели ќе ги овластат компаниите од САД да ги продаваат нивните производи на кинескиот Huawei, објави Reuters повикувајќи се…

  • Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

    Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.…

  • Кина со најбавен економски раст од 1990

    Кина со најбавен економски раст од 1990

    Економскиот раст на Кина се движи со најспоро темпо од раните 1990-ти во вториот квартал, покажуваат официјалните бројки. Во првите три месеци од годинава, економијата…

  • Какво откритие: Пронајден цвет стар 115 милиони години

    Какво откритие: Пронајден цвет стар 115 милиони години

    Меѓународна група на научници го открила најстариот зачуван лилјан во светот во Бразил. Билката е стара околу 115 милиони години, а е пронајдена во еден…

  • Сончево со мала до умерена облачност и повремен дожд

    Сончево со мала до умерена облачност и повремен дожд

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд.…