Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Нова транша од 8 милиони евра на располагање на општините за инфраструктурни проекти

Време: 10:12

Датум: септември 14, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за 8 милиони евра средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги. Министерството за финансии објави јавен повик за доделување на нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.

Со овие 8 милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се настојува прво граѓаните да добијат подобри општински услуги и второ да се развие локалната економија.

– Илјадници граѓани во Македонија добиваат подобри услуги од својата општина благодарение на овој проект. Годишно, тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водоводна мрежа, реконструирани речни корита, градинки, домови на култура, општински згради итн. Ова се реални проекти, со реални вредности за граѓаните – истакна неодамна министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договори за капитални инвестиции со шест општини во рамки на овој проект.

Само преку овој проект, на годишно ниво, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.

Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е  и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Исчезнат е 35 годишниот скопјанец Горан Атанасовски

    Од вчера попладне исчезнат е 35 годишниот Горан Атанасовски од Скопје. Последни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и…

  • Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

    Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да…

  • Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО). Како што информираат од надлежното министерство, во рамките…

  • Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

    Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. „Очекуваме позитивно да влијае врз…

  • Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

    Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите…

  • Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Курц: Австрија ќе продолжи со поддршката за „Северен тек 2“ и покрај противењето на САД

    Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став…

  • Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

    Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а…

  • Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во Македонија во сегментот на фиксни и мобилни услуги

    Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје изврши компарација и даде краток осврт врз можните идни промени во однос на понудата и цената на…

  • Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

    Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи…

  • Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

    Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја. Официјално од…