Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

АХВ ќе контролира дали на пазарот има храна со јонизирачко зрачење

Време: 13:23

Датум: септември 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од следниот месец ќе контролира дали на пазарите во државава има храна третирана со јонизирачко зрачење. Со опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена ќе се тестира увозна храна со оглед дека во домашното стопанство се уште не е регистрирано такво производство.

Инспекторите на АХВ ќе земаат мостри од храната, за што поминуваат специјализирана обука, а испитувањата ќе се вршат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Јонизирачкото зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и, како што вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски, воопшто не е штетна. Регулативата пропишува дека мора да биде обележана со зборовите – озрачена или – третирана со јонизирачко зрачење.

– Не станува збор за третман на безбедноста на храната, туку за правото на потрошувачите да знаат каква храна конзумираат. Во тој дел Македонија и АХВ целосно се хармонизиизраа со европското законодавство, каде што исто така е предвидено храната произведена со оваа иновативна технологија да биде означена и потрошувачите да знаат што конзумираат, изјави денеска Атанасовски.

Со оглед дека веќе има земји кои ја третираат храната со оваа технологија од АХВ претпоставуават дека при увозот во државава влегува таква храна.

– Сакаме да видиме дали ја означуваат бидејќи се обврзани и дали ако е означена навистина ја третирале таквата храна. Се работи за подобрување на квалитетот на храната, безбедноста и продолжување на рокот и дали навистина се уништени микроорганизмите на површината на производот, посочи Атанасовски.

Согласно Правилникот на АХВ за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење дозволено е да се врши третман на суви билки, зачини, суво овошје и зеленчуци, затоа што тој е усогласен со европската легислатива.

Доколку некоја компанија сака да примени таква технологија во државава треба да добие дозвола од АХВ и од Дирекцијата за радијациска сигурност.

Како што објасни проф. Христина Спасевска од Факултетот за електротехника, која е координатор на проектот, процесот на третирање со јонизирачко зрачење е сличен на стерилизацијата на храната која ја вршиме во домашни услови, со топлинско зрачење. Разликата е што јонизирачкото зрачење е ладна стерилизација, не се користи топлина со кои се уништуваат одредени хранливи материи. Со јонизирачкото зрачење на добрите производи им се дава уште поголема вредност да бидат поквалитетни, а не лошите производи да ги направиме добри, изјави Спасевска.

Со поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија, на ФЕИТ се одржуваат обука и работилница со странски експерти за значењето на третирањето на храната со јонизирачко зрачење и колку таа е безбедна за консумирање.

Според најавите, АХВ, во партнерство со Факултетот за елетротехника и инфомациски технологии во Скопје и Биотехничкиот факултет од Битола, ќе спроведат нов двегодишен проект „Зголемување на капацитетите во Република Македонија за користење на нуклеарни техники за безбедност и детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење” кој комплетно е финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Со овој проект ќе се обезбеди и опрема за детектирање храна од месо и млечни производи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја. Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и…

  • Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода…

  • Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и…

  • Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција. На пленарната седница…

  • Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Кинезите се помалку патуваат во Соединетите Американски Држави, а тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон се само една од причините зошто кинеските патници сè повеќе се…

  • Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија е во бескрајна состојба на флуктуација. Купувањето намирници оваа недела или полнењето на вашиот автомобил со гориво може да изгледа како грешка при…

  • BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои…

  • Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.…

  • Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година. Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со…

  • Исполнети сите услови, на ред е ЕУ

    Исполнети сите услови, на ред е ЕУ

    Во Брисел не постои сомнеж во однос на политичката обврска на Северна Македонија кон владеењето на правото и борбата против корупцијата, порача вчера во Скопје…