15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏиновско евро во центарот на Скопје

Џиновско евро во центарот на Скопје

Група на урбани уметници од Скопје во знак на поддршка за приближувањето на Македнонија кон ЕУ, поставија џиновско евро во центарот на градот, во рамки на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“.

„Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите наши симболи ќе заблескаат на монетите на еврото“, велат од групата урбани уметнички акции, појаснувајќи дека секоја земја членка на ЕУ по прифаќањето на eврото како валутa има право на монетите да ги аплицира своите симболи.

Оттаму сметаат дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им се прикаже што значи идното членство во ЕУ и барем за момнет ќе се прошара сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП