Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Русија и Кина ќе ја намалат употребата на долари во меѓусебната размена

Време: 09:12

Датум: септември 12, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Русија и Кина имаат намера во иднина се повеќе да ги користат своите валути во трговската размена, рече рускиот претседател Владимир Путин во вторникот во контекст на влошување на односите меѓу Русија и Западот.

“Руската и кинеската страна потврдија дека се заинтересирани за поактивно да ги користат своите валути за реципрочни плаќања”, им рече Путин на новинарите на брифингот со кинескиот лидер Кси Џинпинг по разговорите на економскиот форум во Владивосток. Според Путин, ова “ќе ја подобри стабилноста на банкарските услуги како и увозот и извозот во контекст на континуираните ризици на глобалните пазари”.

Русија е изложена на сè поголеми санкции од Западот од спојувањето на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистичките бунтовници на исток од Украина, објави АФП.

Во изминатите месеци, САД наметнаа нови санкции за Русија поради наводно мешање во претседателските избори во 2016 година и труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.

Од последниот пакет американски санкции и закани со дополнителни мерки, руската рубља нагло ослабе во однос на доларот и еврото.

Кинескиот јуан во последниве месеци, исто така, продолжи да слабее во однос на доларот.

Рускиот претседател во јули изјави дека “политичките спорови” го оштетуваат доларот во функција на глобална резервна валута, додека кинескиот јуан, според неговите зборови, “ги презема карактеристиките” на резервна валута.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Визбегово ќе добие водовод и канализација, најави Сугарески

    Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска оствари посета на индустриската зона Визбегово во општина Бутел, каде го најави почетокот на проектот за изградба…

  • Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

    Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски…

  • Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина, промена – трите столба на новата турска економска програма

    Рамнотежа, дисциплина и промена – тоа се основите на среднорочниот економски план на Турција, претставени денес од Министерот за финансии и државната каса Берат Албајрак,…

  • Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

    Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат…

  • Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    Подобрување на европскиот транспортен коридор со 10 милиони евра кредит од ЕБОР

    ЕБОР ја финансира модернизацијата на патната мрежа во Македонија со цел да ја подобри транспортната инфраструктура во земјата и да ја поттикне националната економија. Кредитот…

  • Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Московичи: Италија мора да го задржи својот долг под контрола

    Италија треба да вложи напори за одржување на државниот долг под контрола, изјави еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи. Ова може да се случи со…

  • Пазарите во Европа отворени за македонските производи, недостигаат европските стандарди

    Пазарите во Европа отворени за македонските производи, недостигаат европските стандарди

    Пазарите во Европа немаат бариери за увоз на македонски производи, но она што им недостига на македонските компании е што треба да имаат исполнето соодветни…

  • Тројца нови милијардери од … марихуана

    Тројца нови милијардери од … марихуана

    Првиот фонд за бизнис инвестирање кој ги насочил вложувањата во растечката индустрија на канабисот, создаде тројца милијардери, пишува „Fortune“. Брендон Кенеди, Мајкл Блу и Кристијан…

  • Во 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

    Во 2017 година рекордно производство на кокаин во Колумбија

    Производството на кокаин во Колумбија достигна рекордно ниво во 2017 година, според неодамна објавената статистика на ОН. Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал…