20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGalenika може да извезува во ЕУ

Galenika може да извезува во ЕУ

SERBIA-HEALTH-PSYCHOLOGY-DRUGS

Фармацевтската компанија „Galenika AD“ се здоби со право да ги извезува своите производи на пазарот на сите земји-членки вo ЕУ, соопштија од компанијата.

Како што наведуваат, „Galenika AD“ од денес официјално е дел од европската фармацевтска фамилија, бидејќи со исполнување на ригорозните стандарди и барања кои ги постави регулативата на Европската унија, се здоби со право да ги извезува своите производи во сите држави-членки на ЕУ.

„Galenika AD“ во 2010 година ја пушти во употреба фабриката за цврсти фармацевтски производи, најсовремената фабрика во регионот, во која произведува капсули и таблети, кои со добивањето на европскиот GMP сертификат се подготвени, покрај Србија и регионот, да се пласираат и во Германија, Италија, Холандија, Шведска и уште 23 држави кои се членки на ЕУ.

Добиениот сертификат значително ќе придонесе за стабилизација на работењето на компанијата, а дозволата има и државно значење, бидејќи во голема мера ќе го намали извозниот дефицит на фармацевтските производи, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП