Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Важни се луѓето: Нова корпоративна платформа на Халкбанк

Време: 10:54

Датум: септември 11, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Како продолжение на видеосеријалот под наслов „Што е важно“, каде што во повеќе различни ситуации гледаме празни сцени во кои клучно недостасува, Халкбанк ја објави својата најнова корпоративна платформа „Важни се луѓето“, со која дава одговор дека токму луѓето се оние без кои секојдневието едноставно не е можно.

Преку оваа емотивна кампања, Халкбанк всушност оддава признание дека секој еден е еднакво важен, истовремено детерминирајќи ја својата позиција во насока со значењето на името на банката ‒ „Банка на луѓето“. Врз основа на оваа позиција, банката на луѓето гради и негува уникатна, нераскинлива врска со сите корисници.

Од банката велат дека оваа корпоративна платформа е одговор токму на барањата на клиентите, кои од банката бараат стабилен партнер кому ќе му веруваат, каде што ќе се чувствуваат вреднувано и безбедно, каде што ќе бидат вреднувани нивните средства, но и нивното време, и истовремено ќе имаат личен, пријателски однос, без оглед на услугата што ја користат.

„Халкбанк забележува огромен пораст во сите сегменти од своето работење, со исклучително високо ниво на задоволство кај нашите лојални клиенти, истовремено континуирано, привлекувајќи и нови корисници, со што полека но сигурно станавме четврта банка по големина на пазарот. Анализите што ги направивме покажаа дека таа база на лојални корисници Халкбанк најмногу ја препознаваат по својата советодавна улога и по пријателскиот однос што го негуваме, па оттука комуникацијата ’Важни се луѓето‘ дојде сосема природно. Ваквата изјава само ја потврдува нашата долгорочна заложба да бидеме онаа банка што ги гради и ги негува тие долгорочни односи со своите корисници“, изјави Маја Наумовска од Дирекција за односи со јавноста во Халкбанк.

Од Халкбанк најавија дека како лица на тековната кампања ќе сретнеме луѓе од нашето секојдневие, како основачи на локални бизниси, сопственици на старт ап бизниси, наши соседи, колеги или пријатели што истовремено се и комитенти на банката и преку кои Халкбанк всушност ја пренесува пораката дека секој еден e важен во она што го работи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дизајнерската компанија „Орла Кили“ го затвори бизнисот

    Дизајнерската компанија „Орла Кили“ го затвори бизнисот

    Дизајнерката на модни парчиња и предмети за домаќинство Орла Кили најави дека ги затвора сите продавници, како и веб-страницата поради голем пад во профитот. Орла…

  • Nestle може да се раздели со бизнисот за производи за кожа

    Nestle може да се раздели со бизнисот за производи за кожа

    „Nestle“ соопшти дека ги испитува стратешките опции за бизнисот со производи за кожата, истакнувајќи дека делот што некогаш се го сметале како „ѕвезда“ која ќе…

  • ЕУ го губи трпението за „Фејсбук“

    ЕУ го губи трпението за „Фејсбук“

    Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, на американскиот медиумски гигант „Фејсбук“ му даде рок до крајот на годината да постапи по регулативите за заштита на потрошувачите…

  • Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор(фото)

    Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор(фото)

    Новите деловни простории во строгиот центар на Скопје се дизајнирани да обезбедат највисока агилност во  работењето и  најдобар работен ден за сите вработени Скопје, 20…

  • Volkswagen се повлече од Иран

    Volkswagen се повлече од Иран

    Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ ќе ги затвори речиси сите свои активности во Иран. Ова го објави денеска „Bloomberg“, повикувајќи се на американскиот амбасадор во…

  • Македонските кроасани 4U со реномираниот сертификат за квалитет IFS го освојуваат ЕУ пазарот

    Македонските кроасани 4U со реномираниот сертификат за квалитет IFS го освојуваат ЕУ пазарот

    Покрај отворањето на нов производствен погон опремен со најсовремени машини, фабриката „Жито пром“ од Гевгелија неодамна го доби и ценетиот интернационален сертификат IFS (International Featured…

  • Мaск загуби милијарди долари поради еден твит

    Мaск загуби милијарди долари поради еден твит

    Една непромислена објава на социјалните мрежи Илон Маск може да го чини милијарди долари. Акциите на главната компанија на Маск, автопроизводителот „Тесла“, веќе паднаа за…

  • Моделот на работењето на Амазон под лупа на Европската Комисија

    Моделот на работењето на Амазон под лупа на Европската Комисија

    Европската комисија ги испитува активностите на онлајн тргувањето, но исто така и тргувањето на Амазон, изразувајќи загриженост дека компанијата може неправилно да конкурира поради својата…

  • Европската Унија го истражува „Амазон“

    Европската Унија го истражува „Амазон“

    Европската комисија ја испитува двојната улога на „Амазон“ на онлајн-трговец и онлајн-платформа за тргување поради страв дека компанијата би можела да биде нефер во поглед…

  • Qatar Airways објави загуба од речиси 70 милиони долари

    Qatar Airways објави загуба од речиси 70 милиони долари

    Катарската авио-компанија „Qatar Airways“ забележаа загуба од 69 милиони долари во оваа финансиска година, што претставува пад од над 800 милиони долари во однос на…