Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

“Volkswagen” ќе плати 9 милијарди отштета?

Време: 10:28

Датум: септември 11, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Во Германија започна судењето на автомобилскиот гигант “Volkswagen”. Инвеститорите бараат повеќе од девет милијарди евра надокнада поради скандали поврзани со емисијата на штетни гасови од дизел автомобилите. Скандалот беше обелоденет кога на пазарот во САД беше откриена измама на тестовите за издувни гасови.

Судењето на векот во Брауншвајг треба да покаже дека раководството на “Volkswagen” знаело за местењето на податоците за издувните гасови на дизел моторот пред избивање на скандалот.

Акционерите велат дека се измамени затоа што тие претходно би ги продале акциите или воопшто немале да ги купат доколку однапред знаеле за криминалните активности на компанијата. Од нив се бара да ги надоместат загубите поради преполовената вредност на нивните акции.

Скандалот избувна кога американските регулаторни власти во септември 2015 година објавија дека дизел моторите на “Volkswagen” емитуваат многу повеќе штетни гасови од пропишаните. Акционерите бараат штета од 9,2 милијарди евра.

– “Volkswagen”, според законот мораше да ги информира инвеститорите и пазарот на капитал за доверливите информации. Тој се претставуваше себеси како лидер во новите технологии на дизел моторите. Во 2008 година тие знаеја дека не можат да ги исполнат технолошките барања и наместо тоа да го кажат, прибегнаа кон измама – вели адвокатот на акционерот Андреас Тилп.

“Volkswagen” го призна лошото системско управување со емисиите на штетни гасови, но тврди дека прописно ги известил акционерите и пазарот.

– Овој процес е во врска со тоа дали “Volkswagen” ги исполни своите обврски кон акционерите и пазарот на капитал. Ние сме убедени дека сме “, изјави адвокатот на “Volkswagen”, Маркс Пфилер.

Аферата “Дизелгејт”, автомобилскиот гигант досега го чинеше 27 милијарди евра и загубено лидерското место на пазарот.

– “Volkswagen” направи смртен грев, бидејќи го прикриваа скандалот. Ова е неприфатливо за компании кои се на берзата. Со ова судење, Германија ќе биде “американизирана” во однос на правата на акционерите, бидејќи ќе добијат високи надокнади – вели аналитичарот Роберт Халвер.

Измамата на “Volkswagen” исто така може да му наштети и на Порше, кој е во негов состав, против кого акционерите ја започнале постапката во Штутгарт.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Пораст  на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV услугите Нето добивката бележи раст од 2,5 отсто Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето…

  • Швајцарската Glencore го прифати парискиот климатски договор

    Швајцарската Glencore го прифати парискиот климатски договор

    Една од најголемите компании во светот за ископ на јаглен, „Glencore Plc“ одлучи да го ограничи производството на цврсти фосилни горива, со што цели да…

  • Банкарскиот гигант “UBS” казнет со 3,7 милијарди евра за даночна измама

    Банкарскиот гигант “UBS” казнет со 3,7 милијарди евра за даночна измама

    Парискиот суд во средата го казни швајцарскиот банкарски гигант УБС со 3,7 милијарди евра за даночна измама, што е рекорд за Франција, пренесува „Локал“. Банката беше осудена за нелегално помагање на…

  • Tencent нема да ги намали своите инвестиции во оваа година

    Tencent нема да ги намали своите инвестиции во оваа година

    Кинескиот гигант „Tencent Holdings“ нема да намали инвестициите во оваа година, откако инвестираше во „ИПО“-то на 16 компании во 2018-та година. Ова го откри претседателот…

  • Walmart ги надмина сите очекувања за профитот и приходите во четвртиот квартал

    Walmart ги надмина сите очекувања за профитот и приходите во четвртиот квартал

    Најголемиот малопродажен синџир во САД, „Walmart“ ги надмина очекувањата на профитот и приходите, а онлајн продажбата се зголеми во четвртиот квартал од минатата година. Цената…

  • Alibaba го зголеми својот удел во најголемата кинеска инвестициска банка

    Alibaba го зголеми својот удел во најголемата кинеска инвестициска банка

    Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ го зголеми својот удел во најголемата локална инвестициска банка – „China International Capital“. „Alibaba“ купи акции кои…

  • Qualcomm инсистира на забрана за увоз на iPhone во САД

    Qualcomm инсистира на забрана за увоз на iPhone во САД

    Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ ги повикува американските трговски регулатори да се откажат од одлуката на судот од пониска инстанца и да го забранат увозот…

  • Air France-KLM се бори со трошоците за гориво со подлабока интеграција

    Air France-KLM се бори со трошоците за гориво со подлабока интеграција

    Авиокомпанијата „Air France-KLM“ има намера да ја зајакне ефикасноста за да ги компензира повисоките трошоци за гориво во оваа година, додека француско-холандската авиокомпанија ја продлабочува…

  • Германската модна компанија Tom Tailor оди во кинески раце

    Германската модна компанија Tom Tailor оди во кинески раце

    Модниот гигант од Хамбург, „Tom Tailor“ ќе добие кинески сопственик. Големиот кинески акционер „Fosun“ има намера да ја купи целата компанија за околу 96 милиони…

  • Danone вети уште поголем раст на продажбата и профитот во 2019-та

    Danone вети уште поголем раст на продажбата и профитот во 2019-та

    Производителот на храна „Danone“ вети дека ќе го забрза растот на продажбата и профитот во оваа година благодарение на штедењето и наметнувањето на трендови за…