12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи - УЈП ја објави најновата листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници  бр.09/2018 за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.09/2018 објавени се 2178 должници – правни лица (помалку за 112 од претходната листа) и 2082 физички лица (помалку за 9 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2018 изнесува 10,279,134,122 денари, помалку за 363,395,590 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,250,255,224 денари (помалку за 252,514,892 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,878,898 денари (помалку за 110,880,698 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП